речник контакт

Велешанец фатен како дила хероин на работно место!?

И.К. (27) вработен во фабриката Брако од Велес е фатен како продава опојна дрога-хероин и други наркотични средства во текот на работното време и на работното место, од страна на инспектори СВР Велес.

Петар Печков

Во саботата во 17 час  при организирана оперативно-тактичка мерка заседа, лицето е затекнато при продажба на опојна дрога - хероин. Пријавениот користејќи го работно место и време за извршување кривични дела, фатен е на дело е како преку оградата од фабриката му продава опојна дрога хероин на лице од Велес - познат уживател на опојна дрога.

По добиена согласност од сопственикот на фабриката, извршен е преглед врз пријавениот и орманот со личните предмети кои ги должел на работното место, при што во орманот пронајдени се три најлонски опаковки со опојна дрога-хероин. По добивањето на анализата од вештачењето и целосно документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »